Најнови :

 

Секогаш македонците во Австралија имаат чест да видат и да слушнат нешто најдобро.

Така ќе биде и овој месец март каде од Америка специјално на покана на Македонското културно уметничко друштво „Јане Сандански“ доаѓаат убавата Јованка Житарова и групата „Фонтана“ Битола.

Љубопитните фанови на овие мајстори на македонскиот мелост очекуваат добра забава и незаборавни моменти на оваа турнеја, а секако расположениот менаџер на оваа турнеја г-дин Здравко Талевски ни кажува дека тие се тука да го кажат и докажат најдоброто и така ќе биде дека обезбедиле најдобри сали за концертите, а посебно ќе внимаваат за концертниот дел да биде професионален како што доликува.

Влезниците се пуштени во продажба, а интересот за истите е доста голем.

 

Познатата музичка звезда Јордан Митев кој е се повеќе популарен во дијаспората и стана миленик кај македонците кои сакаат изворна и новокомпонирана музика овој викенд на 11 февруари 2012 година ќе одржи концерт во Швајцарија - во Botoirs, Grangers - Marland. 

Не пропуштајте ја оваа прилика да се дружите со маестро Јордан Митев кој знае и умее да ве развесели.

Според неговата изјава пред некое време, во текот на оваа 2012 година ќе следуваат концерти и низ цела Македонија.

Како и вообичаено концертите ќе започнат од дома од родното Подареш на 02 - март 2012 година.

На овој концерт ќе го придружува оркестарот Маестрал од Битола, а гости ќе бидат Гонце Гогова и познатиот хуморист Ранко Рангелов.

www.youtube.com/watch

">www.youtube.com/watch 

 

Македонското младинско друштво „Никола Карев“ од Мелбурн кое неуморно работи на презентација на македонската култура ширум Австралија овој пат подготвува невиден спактакл со музичкиот состав од Струмица групата „Модус“, пеачката Благица Калева која има освоено голем број на фестивали, мајсторот на дувачки иструменти кој минатата година беше меѓу нас маестро Масар и младиот и талентиран Спасе Сиљаноски за кој допрва македонската публика во Австралија има да дознае колку многу вреди и ретко кој како него ги негува песните со изворни инструменти.

Според зборовите на претседателот на ММД „Никола Карев“ - Аце Петровски, овој пат лично верува дека рекордите на посета ќе ги надминат досегашните, затоа што заинтересираноста уште од сега е преголема, а тоа се должи на составот на екипата која за скоро очекуваме да биде меѓу нас.

Концертите ќе се одржат  на 23 март во Јулијана Ресепшн - Шелхаба, 24 март Илинден спортскиот центар во Рогдаил, 31 март Хрватски центар Панчбол, 6 април Македонски центар Саншајн, 7 април Нерет Ресепшн Епинг, 8 април Македонски центар Илинден Балката.

За повеќе информации обратете се кај Аце Петровски 0417 128 641, Миле Котоски 0417 331 395 или на веб страната www.informator.ws/ 

Благица Калева

www.youtube.com/watch

 

Спасе Сиљаноски

">www.youtube.com/watch

buy bactrim online order viagra without rx online