06 February 2012

По повод натписот во радио Илинден со наслов: Додевски во обид за невозможна мисија против митрополитот Петар (www.radioilinden.com.au/index.php) денес Мики Додевски пратеник во Македонскиот парламент во Република Македонија ни даде демант на кој го кажа следново:
- Го прочитав текстот во радио Илинден каде не е прв пат да се пишуваат невистини и клевети за мене и со тоа се разбира сака да се постигне оној ефект да ми се наруши мојот авторитет, но еве преку Информатор ќе ја искажам мојата страна, моето мислење, за кое верувам дека на некого ќе му се допадне, а на некого не.
Лично тврдам дека имам почит кон Митрополитот г-дин Петар и никогаш до сега не сум се мешал во неговата работа и мисија, а воопшто и не планирам да се променат работите и во иднина.
Никогаш до сега не сум посредувал, ниту сум организирал средби околу црковното прашање со Поглаварот г-дин Стефан со делегација и со некакви црковни управи кои не се во добри односи со Митрополитот г-дин Петар.
Ги почитувам црковните канони и црковната хиерархија и немам намера да одам против интересите на МПЦ-ОА каде и да е.
Многу е лесно да се лепат етикети предавник, неверник, и што не друго, но деновиве ќе стапам во контакт со надлежните органи на Епархијата за Австралија и Нов Зеланд и лично ќе побарам средба со Неговото Високопреосвештенство Владиката Петар и ќе ги расчистиме овие наметнати недоразбирања од страна на Радио Илинден и вестите кои ги пласираат без факти и докази.
Лично верувам дека правдата ќе победи.
Како доказ ви го приложуваме следново писмо што можете да го видите во прилог

05 February 2012
.jpg)
Во присуство на роднини и пријатели далеку познатиот пар бурекџиите од Балкан Фреш Бурек - Валентина и Зоран Стаменков во ресторанот Битис во Престон имаа што да слават и тоа во стил на домаќини на кој другите можат само да му завидат.
05 February 2012
.jpg)
Во нашата редакција се јавија поголем број на верници кој до сега беа загрижени како ке заврши овој судски спор и со радост коментираа кој некој од истите ви ги пренесуваме: еден е господ правдата е на наша страна, доста беа судски спорови и честитки до Владиката Петар, ги жалам оние кој го фатиле погрешниот пат и ке мора да жиевеат со фактот дека се поразени, Владиката Петар еднаш победник секогаш победник, зарем не му е јасно на тие дека Владиката секогаш оди на сигурно?.



.jpg)
.jpg)




