-Ние имаме добра серија, а ние ако загубиме во Куманово, губиме, се.

-Мора Пелистер да биде така организиран, Управата да ги “брка“ фудбалерите.

 

Паузата во првенството на македонската фудбалска лига фудбалерите на Пелистер ја искористија прво малку да се одморат, а потоа да се подготвуваат за наредниот прволигашки натпревар против екипата на Милано во Куманово. Екипата на Милано е убедливо последна на табелата без ниту еден освоен бод, но тренерот на Пелистер, Науме Љамчевски, не сака неговите фудбалери да патуваат со идеја дека во Куманово ќе биде лесно.

-Изминатите денови се изнаслушав разни комбинации, дека сега е најважно да победиме со Работнички на 28, дека Милано веќе е победен и дека веќе сме во полуфиналето од Купот. Но сето тоа е есап за на маса. Јас како тренер на оваа екипа сакам сите ние во клубот да не трчаме и да одиме чекор по чекор. Прво не очекува гостувањето во Куманово, а, според мене, овој натпревар ќе биде најтежок за нас во последно време. Ние сега, како што претходно реков, влегуваме со товар дека се е решено, а фудбалерите на Милано влегуваат сосема растоварено бидејќи немаат што да изгубат, а ако ние изгубиме губиме се. Ние сме фаворити, но мислам дека и фудбалерите знаат што ги очекува во Куманово и со ладни глави ќе влезат во овој натпревар. Можеме да победиме, имаме подобра екипа, но, пак ќе повторам, мора сето ова да го демонстрираме на најдобар начин, а тоа е со трчање и со постигнување голови. По враќањето во Битола, ќе размислуваме за тоа како понатаму против Работнички, Дрита, Хоризонт.

Во неделата “пелистерци“ одиграа пријателски натпревар против екипата на Охрид од Охрид, а натпреварот по две промени на локацијата се одигра на стадионот во Логоварди.

-Дождовите што врнеа кога се играше последното коло и настапите на екипите го направија своето и сите терени многу се оштетија. Да не направиме поголема штета на терените во Охрид и Битола, ние се одлучивме да играме во Логоварди. Добро ни дојде овој пријателски натпревар бидејќи по олабавувањето на фудбалерите потребен им беше контакт со топка. Ги немавме репрезентативците кои беа во состав на македонската репрезентација до 21 година, Стефан Спировски, Марјан Алтипармаковски и Кире Ристевски. Тие беа во друг тренажен процес, а патуваа и до Литванија, но мислам дека до недела ќе се вратат комплетно на нашиот режим на работа. Покрај тројцата репрезентативци во комбинација ќе биде и Сашо Лазаревски, а Никола Петковски ќе го немаме подолго време, вели Љамчевски.

Во пријателката средба Љамчевски во игра ги внесе сите фудбалери кои се моментно во тренажен процес во првата екипа, а конкурираат за првиот тим на Пелистер. Околу најавите дека од понеделник ќе ги нема најголемите проблеми во Пелистер и дека финансиската криза е минато Љамчевски вели;

-Мислам дека и на тие маки ќе им дојде крајот и дека во Пелистер повеќе нема да се раговара на тема немање на пари. Од страна на претставникот на спонзорот е речено дека сите администартивни проблеми ќе се решат и ќе започне нормалното финансиско работење. Јас уште кога ги имав првите разговори за преземањето на клубот им кажав дека сакам Управата да биде не еден чкор туку три во однос на фудбалерите. Управата треба да има предвреме решение за идните проблеми на фудбалерите, односно да предвреме да ги решава. Само така поставена Управа, има кредибилитет да бара од фудбалерите да се бркаат резултат, а ако не е така фудбалерите ја бркаат управата.

Но, Љамчевски покрај условите кои им кажа на спонзорите, презеде и обврски кои тој ги исполна сто отсто.     

-Им реков дека има голем потенцијал во оваа екипа на Пелистер и дека ќе имаме добри резултати. Тоа се покажа дека е така и мене ми е мило што јас како тренер, сите фудбалери и секако целата битолска јавност не се посрамотивме ред еден сериозен спонзор. Ајде сега да се ставиме во друга ситуација. На пример, од седум средби на пет да бевме поразени, со кое лице ќе баравме пари и влегување на нов спознор. Сите преговори ќе пропаднеа уште пред да започнат. Јас се радувам на зрелоста на фудбалерите иако се многу млади, кои видоа дека само преку работа и преку резултати ќе можат во однина да настапуваат за големи клубови и секако од тоа да направат пари. Ако одат со ситни комбинации нека престанат да играат фудбал и нека се фатат за некој ситен занает, конкретен  е Љамчевски.

Некои од поголемите клубови со многу поголем буџет уште на стартот на сезоната ги имаа прокнижано бодовите од Пелистер. Но, за ваша среќа не се случи тоа, а Македонија, Металург, Вардар остаа пократки, како го коментирате тоа.        

-Истото што го реков претходно, се е заслуга на фудбалерите кои се издигнаа над проблемите и се сконцентрираа на фудбалот. Сите проблеми ги оставија на страна. Тоа е голема работа, кога знаеме дека дека најголем дел од нив имаат семејства, имам како и сите други проблеми. Тие ја одбраа најтешката работа, да играат без пари, а мислам дека тоа еден ден ќе им се врати прво лично ним, а со тоа и ќе му помогнат на Пелистер, вели Љамчевски.     

За вас велат, дека не им давате пардон на никој, па и на вашиот внук од брат, како досега  се носите со тоа:

-Малку ги диспиплинирав некои фудбалери, кои веднаш ќе кажам дека не сносат никаква вина за нивното однесување. Така била состојбата, така се однесувале. Сега можеби некој од нив ќе гледа поинаку од мене, но по некоја година, ќе ме фалат секаде. Оние кои ќе успеат да најдат голем клуб ќе велат дека сум и помогнал, а оние кои нема да издржат едноставно ќе речат, арно ни велеше. Тоа ми се случувало и мене како фудбалер, а и сега е исто. Истото му го велам и на мојот внук. Го издавив од игра и не му оставив место ниту д азборуваме на таа тема. Миалм дека тој е останатите се добр момци, интилегентни пред се и ќе се снајдат понатаму. Во нив има потенцијал за понатаму. Јас ќе ги глоедам само нив, а од на зима им носам уште шест младинци од нашиот погон. Пелистер ќе се врати на старите позиции само со домашни деца. Како ќе беше ако костурот на фудбалерите  беше од страна во овие тешки момнети, кога немаше пари, еден немаше да остане, сите ќе си заминеа, а Пелистер ќе згаснеше. Тоа во Битола никој не го сака, а најмлце јас, вели тренберот на Пелистер, Науме Љамчевски, кој исто така е дете на Пелистер.

 Текст и фото: Сашо Ристевски