11 Март 2010
Снежната бура која и денес ја зафати Битола ги исплаши битолчани, а ги потсети дека зимата не е календарски завршена.
Само најмалите уживаат во последните денови на зимата на санките или покрај снешковците.
.jpg)
Битолчани кога ќе се видат наместо да се поздрават со добро утро или добар ден, деновиве разменуваат неколку зборови на брзина, кој најчесто се дека се врати зимата, на крајот му била силата или како да сме пред Божик, а не пред Велигден.
11 Март 2010
Свеченостите започнаа во кабинетот на градоначалникот, се положи цвеќе на споменикот пред уредот, се одржа приредба и се посетија Еврејските гробишта во Битола.
.jpg)
Битолчани и денес по 67 години од депортацијата на битолските Евреи во злогласниот логор Треблинка во Полска се сетија на некогашните свои сограѓани и им оддадоа достојна почит.
11 Март 2010
И покрај тоа што веќе неколку месеци е пензионерка, сега веќе екс-директорката на Радио-Битола, Данка Јанковска по се изгледа се уште не мисли да ја напушти директорската фотелја, која по сила на законот мора(ше) да ја остапи.
.jpg)
Имено, “директоркат“ Јанковска, и по пензионирањето се уште не ги има предадено клучевите од оваа радио куќа и се однесува како да е сеуште директорка, иако, како што дознаваме веќе не е потписник на сметката. Таа во себе ја држи и документацијата на Радио-Битола, како да е нејзина лична сопственост и не им дава можност на преостанатите вработени во оваа радио куќа да имаат пристап до службената документација.
Од таквите постапки на Јанковска дел од сегашните и поранешни вработени во Радио-Битола се буквално вџашени и зачудени и не можат да се изначудат како може таа да се однесува така и сега откако е веќе пензионерка да се замислува дека и натаму е директорка на Радио-Битола, која токму поради нејзината вина се најде во ваква безизлезна ситуација.
10 Март 2010
Денешната средба беше на покана на градоначалникот кој им возврати на нивното внимание, кога се сетија на неговиот рденден на денот на свеченото предавање на салата.
.jpg)
Учениците во средното економско училиште на денот на свеченото отворање на фискултурната сала во нивното училиште се сетија дека на тој ден е роденденот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески.



