07 March 2010
Учениците од средното економско училиште “Јане Сандански“ добија нова фискултурна сала од проектот 145 училишни фискултурни сали, а студентите од студентскиот дом „Кочо Рацин“-Битола во секоја соба на располагање ќе имаат бесплатен интернет.
.jpg)
Премиерот Никола Груевски својата посета на Пелагонија ја започна во селото Дедебалци, каде заедно со двата градоначалници на Новаци, Лазар Котевски и на Могила, Славко Велевски со сечење на лента во употрба го дадоа регионалниот водовот, кој е поврзан на градскиот водовод на Битола.
Ова е капитален проект за седум пелагониски села со околу две илјади жители кои претежно се занимаваат со земјоделство, а кои досега не пиеја здрава вода. Со овој капитален зафат се решава овој проблем на пелагонци.
.jpg)
По Дедебалци премиерот и неговата свита пристигнаа во општина Новаци, каде денес отпочнуваат со работа работите околуреконтрукцијата на регионалниот пат Новаци-Рибарци во должина од 3 километри.
Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски на кратко го запозна премиерот за тоа што ќе значи овој пат за овој дел од Пелагонија, а селаните се интересираа за субвенциите во земјоделието.
.jpg)
Премиерот беше во домот на еден новачанец кој обработува поголема површина на земја и од прва рака беше запознат со проблемите на земјоделците и барањата кои ги имаат тие до Владата за подобрување на условите за работење, а најави и оштети за поплавените домови во пелагониско.
.jpg)
По посетата на Пелагонија, Груевске се упати во потпелистерското село Буково, каде заедно со градоначалникот на Битола, Владимир Талески во употреба го ставија реконструираниот водовод во селото. Водоводот во Буково сега е со нов цевковод, а старите цевки се заменети со нови, полиетиленски, што значи здрава вода за буковчани и за другите 200 куќи кои се веќе приклучени на овој систем.
.jpg)
Централен настан во Битола, беше пуштањето на употреба на новата спортска сала во економското училиште во Битола, кадепо повеќе од 80 години постоење ова училиште доби спортска сала.
.jpg)
Пред голем број присутни говореа градоначалникот Талески, диекторот на училиштето Васко Дранговски, министерот за образование Тодоров и премиерот Груевски. Учениците изведоа и мала спортска програма, со која им дадоа дека не е залудно направена оваа фискултурна сала и дека тука ќе се случуваат голем број на спортски настани. Салата поради ограничениот простор нема трибина за гледачи.
.jpg)
Посетата на Битола, премиерот Никола Груевски за заврши во Студенскиот дом “Кочо Рацин“ каде министерот за информатичко општество Иво Ивановски му објасни за завршувањето на проектот бесплатен интернет за секој студент.
.jpg)
Студентите покажаа благодарност за овој проект, бидејќи како рекоа интернетот им бил најпотребен во овие услови кога им требал за школување и малку за разонода.
.jpg)
Текст и фото: Сашо Ристевски
| < Prev | Next > |
|---|





