10 Март 2010

Најдобриот светски атлетичар, Усаин Болт по втор пат во својата кариера е добитник на признанието Ларурес што му се доделува на спортистот што ја одбележал претходната година. Кај дамите ласкавото признание и припадна на водечката тенисерка, Серена Вилијамс.
Болт во 2009 година освои три златни трофеи на Светскиот шампионат во Берлин и собори светски рекорди на 100 и 200 метри,
И помладата од сестрите Вилијамс по втор пат го освои признанието, таа триумфираше на два Гренд Слем турнири во Вимблдон и Мелбурн, а сезоната ја заврши на првото место на ВТА листата.
За најдобар тим во 2009 година е прогласен Браун ГП, а возачот на оваа екипа и актуелен светски шампион во формула 1, Џенсон Батон беше прогласен за ново спортско лице на годината.
СПОРТАЛ
10 Март 2010

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон стравува од однесувањето на својата одбрана во престојниот судир со Милан во Лигата од Шампионите, пренесуваат медиумите од Островот. Признанието дека англискиот шампион не е многу стабилен во одбраната дојде лично од шкотскиот стручњак на пресконференцијата пред натпреварот против „росонерите“.
„Искрено не мислам дека сме многу добри во одбрана. Треба да се надеваме особено на нападот.“ - фрли предупредувачки сигнал Ферги.
10 Март 2010
Еден од најголемите производители на спортскаОфицијалната адидас топка за финалето во ЛШ ја претстави директорот на УЕФА, Дејвид Теклор, придружуван од легендите на шпанскиот фудбал Емилио Бутрагење и Фернандо Јеро.
Маркетинг директорот на УЕФА Питер Вилијамс и маркетинг директорот на производителот на спортската опрема Клаус Питер Мајер, разговараа за односите помеѓу Федерацијата и „Адидас”, а дизајнерот на топката Јанек Ван Оршот даде детален опис за самата топка.































































