100010231022102410261027102510551029103010281042103210361041105910351039


По ка­ра­ни­ца­та што во не­де­ла­та ја има­ше со Го­ран Пан­дев, ре­чи­си е си­гур­но де­ка ве­че­раш­ни­от нат­пре­вар со Хо­лан­ди­ја ќе би­де пос­ле­ден за Среч­ко Ка­та­нец на се­лек­тор­ска­та клу­па на на­ша­та фуд­бал­ска реп­ре­зен­та­ци­ја.Тој и на пре­сот пред не­кол­ку ме­се­ци нај­а­ви за­ми­ну­ва­ње ако ги за­гу­би­ме шан­си­те за плас­ман на Свет­ско­то пр­вен­ство во Јуж­на Аф­ри­ка, но вер­бал­ни­от ду­ел со Пан­дев е са­мо при­чи­на по­ве­ќе уш­те ут­ре да ја на­пуш­ти се­лек­тор­ска­та фун­кци­ја.

Read more...


Светскиот шампион Луис Хамилтон вели дека неговиот скок од 18. место на стартот во Мелбурн до пласман на подиумот го научил значајна лекција - никогаш да не се предава. Британецот заврши четврти со својот Мекларен во трка во која Браун ГП тимот доминираше, но потоа го доби третото место откако Италијанецот Јарно Трули во Тојота беше дисквалификуван поради претекнување под сигурносно возило.
"Јас сум борец и не сум се предал предвреме во ниту еден дел од мојата кариера - надвор и на патеките. Минатиот викенд беше исто. Одев до максимум во секој круг, секогаш ја гледав разликата и работев со тимот преку радиото обидувајќи се да најдеме начин да бидеме побрзи. Ова беше фантастичен резултат за мене, но и одлично завршена работа од страна на тимот - стратегијата беше совршена, информациите од боксот секогаш точни и се одеше како што треба", вели Хамилтон.

Read more...


Швајцарецот Роџер Федерер ги продолжува настапите на турнирот од мастерс-серијата 1.000 во Мајами, а Динара Сафина од Русија испадна во 4. коло. Вкупниот број на гејмови во мечевите на 2. носители е идентичен, а се' друго беше различно. Федерер рутински со 6-4, 6-1 го елиминира Николас Кифер од Германија (11. пат по ред), а Сафина одново остана без можност да го освои светскиот врв по поразот од Саманта Стосур со 1-6, 4-6. Во ист ден со неа испадна и постариот брат Марат кој загуби со 5-7, 7-5, 7-6 (3) од Гаел Монфис.

Read more...