1112
1119
1111
1116
1105
1102
1122
1120
1107
1108
1128
1101
1121
1103
1109
1106
1123
1117
1125
1100
1113
1118
1126
1110
1114
1129
1115
1127
1124
1104

Распоредот на натпреварите треба да биде договорен на 18 февруари во Москва

Ждрепката во Варшава за квалификациите за ЕП 2012 во Полска и Украина не стави во групата Б, заедно со Русија, Словачка, Ирска, Ерменија и Андора, што значи дека добивме доста незгодна група, откако ги избегнавме најреномираните селекции, но добивме противници што поминаа солидно во квалификациите за СП 2010. Од нашата група Б, Русија и Ирска беа елиминирани во баражите, а Словачка успеа директно да се квалификува во Јужна Африка. Отсуството на големи имиња како Германија, Англија, Италија, Шпанија и Франција, исто така, значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да инкасира милионски суми евра од ТВ-правата. Распоредот на натпреварите треба да биде договорен на 18 февруари во руската престолнилна Москва.

Со сите пет селекции досега се имаме сретнато во претходните квалификациски циклуси.

- Добивме тешка група, но и група, која може да ги задоволи нашите критериуми за пласман чекор напред со освојување на некои од првите две места. Противниците се солидни, квалитетни и вистински предизвик за нас, но и противници со кои можеме да ги постигнеме посакуваните резултати - беше првата реакција на селекторот Мирсад Јонуз, кој во Варшава беше придружуван од претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески и генералниот секретар Игор Климпер.

ВЕСТ


100710061003101010081009100510041012100210111001
101410131018101710191023102210161020102410211015
103010281025103410351027103110261029103310361032
104510431048104410401039104210371038104710461041
105010571000105110561049105410551059105310521058