1112
1119
1111
1116
1105
1102
1122
1120
1107
1108
1128
1101
1121
1103
1109
1106
1123
1117
1125
1100
1113
1118
1126
1110
1114
1129
1115
1127
1124
1104



Играчите на Портсмут дури три пати ја затресоа сопствената мрежа на мечот со Манчестер јунајтед, од петте гола што ги примија, што е рекорд по бројот на автоголови на еден меч оваа сезона. Манчестер јунајтед од челната позиција го чекаше вчерашното дерби меѓу Челси и Арсенал, во 25. коло на Премиерлигата. Актуелниот првак беше убедлив и со 5-0 го растури фенерџијата Портсмут на „Олд Трафорд“. Во ова коло се радуваше и Ливерпул, кој минимално со 1-0 го победи Евертон во градското дерби.

Играчите на Портсмут дури три пати ја затресоа сопствената мрежа, што е рекорд по бројот на автоголови на еден меч оваа сезона. Противниците на Манчестер сезонава си постигнале вкупно 9 автоголови.
Во 213 градско Мерсисајд дерби, Ливерпул минимално со 1-0 го победи Евертон. Ливерпул речиси 60 минути беше со играч помалку, но токму во тој период Дирк Кајт погоди со глава.

Еден навивач на Блекбурн почина за време на дуелот на неговиот омилен тим на гостувањето кај Стоук. Блекбурн загуби со 0-3, а несреќниот навивач кој бил меѓу 1.300 гостински фанови се онесвестил за време на првото полувреме. Се претпоставува дека навивачот бил удрен со тап предмет во главата, а подоцна тоа предизвикало застој во срцето. За нападот на навивачот е уапсено едно лице.

ДНЕВНИК

100710061003101010081009100510041012100210111001
101410131018101710191023102210161020102410211015
103010281025103410351027103110261029103310361032
104610411045104310481044104010391042103710381047
105010571000105110561049105410551059105310521058