08 Февруари 2010
Поради снежното невреме во САД, беше одложен мечот помеѓу Вашингтон и Атланта па на програмата се одиграа само 11 натпревари. Леброн Џејмс ги нагости Њујорк никс и ги почасти со 47 поени, по осум скокови и асистенции и пет украдени топки за победа на Кливленд од 113:106. Во првата четвртина Леброн уфрли 23 поени во првата четвртина или вкупно 35 во првиот дел во кој реализираше и 24 последователни поени на Кливленд. Кај Њујорк се истакна Нејт Робинсон со 26 поени.
Коби Брајант паузираше поради повреда на зглобот додека неговите ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од девет порази од Портланд во "Роуз Гарден". Лејкерс славеа со 99:82 против Портланд во чии редови го немаше најдобриот играч Брендон Рој.
Рон Артест беше прв стрелец на Лејкерс со 21 поен, а Ламар Одом додаде 10 коша и 22 скока. Лидер на Портланд беше Ламаркус Олдриџ со 16 поени.
Јута џез ја нанижа осмата победа по ред, а овој пат беше подобра од второпласираниот на Западот, Денвер со 116:106.
ВЕСТ
| < Пред | Следно > |
|---|































































