03 September 2010
Криза во владината коалиција. Прес конференција на премиерот Никола Груевски најавена за денеска предизвика раскол во владиниот табор. Алсат - М дознава дека од ДУИ во последен момент го спречиле премиерот Груевски да ја одржи прес - конференцијата најавена уште вчера, а на која како што беше предочено, премиерот требаше да даде отчет за сработеното во изминатиот четиригодишен мандат.
Тука и пукнала кавгата, откако министрите на ДУИ не прифатиле да излезат на прес - конференција на која премиерот ќе ги претставува резултатите од четиригодишната работа, односно пред нивната партија да влезе во власта. Од ДУИ, неофицијално велат дека за нив е неприфатливо да се презентираат четиригодишните резултати, кога владата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ е формирана пред две години.
03 September 2010
Споменикот за 15-те бугарски туристи, кои на 5. септември минатата година се удавија во Охридското Езеро, ќе биде откриен на крајот од септември пишува бугарскиот весник „Новините“.Споменикот е иницијатива на ротари-клубовите во Охрид и на бугарскиот град Пирдоп, од каде што беа поголемиот број Бугари што се удавија откако туристичкиот брод „Илинден“ потона во езерото. Се очекува десетици Бугари да пристингнат во Охрид на 5 септември во знак на сеќавање на оние што ги загубија животите пред една година.
03 September 2010
Променливо облачно време со повремени врнежи дожд не очекуваат во текот на викендот.
В сабота се очекува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд наместа проследени со ретка појава на грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и во југозападните делови на земјава.
Температурата ќе се движи од 15 до 24 степени Целзиусови, а во Скопје се очекува максимална температура од 19 степени.
В недела, исто така, се очекува променливо облачно време со можни врнежи од дожд.
АЛФА
Минималната температура ќе се движи од девет до 16 степени, додека максималната ќе се движи од 17 до 24 степени.
03 September 2010
Посетителите ги разгледуваат експонатитите со културното и духовно наследство, како презентацијата на видео-сторијата за патот на кирилицата од Македонија до Монголија.
Странски издавачи, пак, покажуваат интерес за објавување на македонската литература на други јазици.





Вести