04 Февруари 2010
Средби со граѓаните и разменување на идеи по партиските седишта и општините најавуваат Демократската Унија за Интеграција. Велат дека тоа не се подготовки за предвремени избори за кои сметаат дека би можеле да им наштетат на интегративните процеси и решавањето на спорот со името.
„ДУИ не бега од изборите, ова го потврдивме и во 2008 година кога имавме легитимитет од граѓаните и самите ние тогаш баравме да одиме на избори“, изјави Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ.
Од друга страна лидерот на ДПА, Мендух Тачи бара предвремени избори, во нив гледа шанса за освојување на власта.
„Ние сме јака опозициона партија апсолутно ненормално и нелогично би било опозиционата партија да биде против изборите и второ, рационално мислиме дека апсолутната победа на ДПА на следните избори ќе помага сите овие проблеми што ги имаме и како луѓе и како граѓани, како два народа и како држава брзо да ги решиме“, вели Мендух Тачи.
Високи функционери, градоначалници и министри од ДУИ, секоја сабота ќе биле меѓу граѓаните. ДПА пак се почесто информира за нови членови и кадри кој кај нив преминуваат од другите партии.
Ваквите партиски активности создаваат атмосфера на предизборие, но засега никој не потврдува ќе има или не предвремени избори.
А1
| < Пред | Следно > |
|---|


