Досега полицијата за грозоморното убиство го товареше само Жив­ко Ангелески, братот на убиениот Александар, но за помагање ќе од­го­ва­ра и неговиот пријател З.Ј.

Ох­рид­ска­та полиција го приведе З.Ј. (34), под сомнение дека учествувал во убиството на Александар Ангелески, чие искасапено тело беше про­нај­де­но пред два месеца на патот кон село Велестово.
По­ли­ци­ја­та се сомнева дека З.Ј. помагал во транспортирање на телото на убиениот од местото на убиството до охридското село каде што било про­нај­де­но.
Про­тив осомничениот е најавена и кривична пријава за сторено кри­вич­но дело помагање во убиство.
До­се­га полицијата за грозоморното убиство кое го потресе Охрид го то­ва­ре­ше само Живко Ангелески, братот на убиениот.
Тој пред полициско-судските органи не го призна убиството на братот.
Но, според информациите до кои тогаш дојде полицијата, убиството се слу­чи­ло во домот на семејството Ангелески, по претходна жестока рас­пра­ви­ја помеѓу двајцата браќа. Откако Живко го усмртил Александар со тврд и остар предмет, го однел во тоалетот и таму со секира го ис­ка­са­пил на повеќе делови.
Жив­ко Ангелески (34) заработи кривична пријава поради основано сом­не­ние дека е сторител на кривично дело убиство на свиреп начин. Ис­тра­жен судија му изрече и притвор во траење од 30 дена.
Убис­тво­то на Александар Ангелески се случило лани на 30 ноември, око­лу 22 часот. Откако му било исечкано телото на повеќе парчиња, би­ло расфрлано на патот кон селото Велестово. (Д.Ч)

Вест