05 Февруари 2010
Боркица Манчевска Груевска, сопруга на Премиерот Никола Груевски, вечерва (4 февруари 2010) околу 23.00 часот ја роди втората ќерка. Бебето е тешко над 3 килограми и е добро, исто како и мајката. Кое име ќе го носи, засега не се знае. породувањето беше извршено во приватната гинеколошко-акушерска болница Систина, каде што и првиот пат, на свет Боркица ја донесе 2 годишната Анастасија, прва ќерка во семејството Груевски.
Првата ќерка Анастаија беше родена на 6 ноември 2007 година. Боркица првиот пат се породи со царски рез околу 19,30 ч. во приватната болница Мала Богородица - Систинаа во Скопје, под стручен надзор на доктор Слободан Дракулевски. Анастасија родена во знакот на Скорпија, тежеше 3.200 г, долга 50 см.Премиерот Груевски и неговата избраничка Боркица, вработена во Комисијата за хартии од вредност, се заколнаа на вечна љубов на 10 мај 2007, а на свадбата во хотелот Холидеј инн, на која и' претходеше венчавка во Соборниот храм со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, присуствуваа околу 200 гости. Двојката се забавуваше една и пол година пред да стапи во брак, а романсата ја држеше настрана од очите на јавноста. Нивното прво заедничко појавување беше на концертот на Брајан Фери во Охрид на 14 јули 2006 година.
ВЕЧЕР
| < Пред | Следно > |
|---|


