П.Д., откако автомобилот "голф ", сопственост на Р.Л., го забележал пар­ки­ран улицата 11 Октомври, одлучил да го запали, и со тоа да му се одмазди за долгот

П.Д. (27) од Велес му го запалил "голфот" на неговиот сограѓанин оти тој му должел 2.500 ев­ра. Тој е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за пре­диз­ви­ку­ва­ње општа опасност.

П.Д., откако автомобилот марка "голф фолксваген ", сопственост на Р.Л., го забележал пар­ки­ран улицата 11 Октомври, одлучил да го запали, со намера со тоа да му се одмазди на неговиот должник. Без да биде забележан од никого, го полеал автомобилот со бен­зин, а потоа и го запалил. "Од пожарот изгорел поголем дел од автомобилот, а це­лос­но оштетен е и моторот", велат од велешката полиција.


Пот­па­лу­ва­чот го признал кривичното дело, за кое рекол дека го сторил во афектна сос­тој­ба. Според полицијата, П.Д. е познат сторител на вакви и слични кривични дела.

(У.Ј.)

ВЕСТ