Полицијата и просветните работници го испитуваат инцидентот во основното училиште "Магдалена Антова" во кој професорот по физичко воспитување и заменик на генералниот директор претепа шестоодделенец. Вчера, во присуство на родителите, беа земени изјави од соучениците во одделението, сведоци на немилиот настан. Во училиштето за случајот заседаваше и дисциплинската комисија.
Сите се воздржуваат од изјави додека не заврши постапката околу целиот настан. Лекарскиот извештај покажал дека кај Ф.С. повредата е задобиена од физичко насилство. Доколку се утврди одговорноста на професорот против него ќе биде поднесена прекршочна и кривична пријава.
Пресметката на професорот со ученикот се случила завчера на часот по физичко, кога детето фрлило мастика кон корпата и го налутило професорот.
Со модринки по образот и раскрвавено непце во устата, родителите случајот го пријавиле во полиција. Тие најавуваат и приватна тужба против просветниот работник.
(С.Н.)

ВЕСТ