09 Март 2010
"Прилеп фест", кој традиционално се одржува на средината на март, се одложува за 29 и 30 април. Прилепскиот фестивал оваа година ќе има поинаков концепт.
Првата вечер е посветена на поп музиката и ќе биде ревијална, односно интерационална со музички гости од Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Босна и Албанија. Втората вечер е фолк вечер и ќе биде натпреварувачка.
Од организацијата на фестивалот велат воведувањето две вечери, фолк и поп е по минатогодишната реакција на публиката.
-Во овој град поденакво се почитува и едната и другата музика. Во Прилеп нема фестивал, но на било кој друг музички настан прилепчани одат со задоволство. Затоа од оваа година па понатаму фестивалот традиционално ќе биде две вечери и во него ќе уживаат и љубителите на народната музика и забавната музика, велат организаторите, Деан Момироски и Борче Нечовски.
За домашните и за балканските учесници за поп вечерта се уште се преговара, а за фолк вечерта пејачите се избрани, и во тек е снимање на песните.
08 Март 2010
Актерката Сандра Булок во саботата ја освои Златната Малина, а во недела го освои својот прв Оскар со што се запиша во историјата како актерка која што за еден викенд одеднаш добила две награди.За два дена Сандра Булок се вивна од “актерските денови” до ѕвездите. Во саботата таа ја освои Златната малина за најлоша актерка во комедијата “Се за Стив”, а ден покасно таа го освои својот прв Оскар за улогата во филмот “The Blind Side”.
08 Март 2010
Кралицата на „филмовите за возрасни“ Џена Џејмисон се породи во Њупорт, Калифорнија. Таа роди две момчиња, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, а нивните имиња се уште не се објавени.
Татко на близнаците е борачот Тито Ортеиз со кој Џејмисон е во врска од 2006 година, кога се разведе од продуцентот Џеј Грдин.
Актерката неколку пати изјави дека сака да стане мајка, откако во 2004 година преживеа спонтан абортус и и беше дијагностициран рак на кожата. Џена Џејмисон и Тито Ортез се запознале преку страницата за дружење „мајспејс“.
Курир
04 Март 2010
Американската актерка и пејачка Линдзи Лохан призна дека заминала на рехабилитација само за да не оди во затвор, пренесе Дигитал Спај
„Тоа беше моја обврска. Морав да се лечам, инаку ќе завршев во затвор“, изјави за британскиот весник Метро младата актерка позната по своето непримерно однесување и скандалите.
04 Март 2010
Тоше Проески е осма најпопуларна личност во светот според сајтот WhoPopular.com, кој ги рангира познатите личности од сите држави според гласовите на читателите. Засега на првотот место, односно најпопуларна личност на планетата на оваа итернет-страница е легендарниот Мајкл Џексон. Со цел што подобра позиција на Тоше, фановите се организираат и го оставаат својот глас на сајтот.
Колку за напомена, Тоше е недостижен во делот за Македонија, а далеку зад него се: Влатко Лозаноски, Елена Ристеска, Есма Реџепова, Влатко Стефановски.
Еве го рангирањето на македонските музичари на WhoPopular.com
1. Тоше Проески -17561
2. Влатко Лозаноски -101
3. Оливера Ѓоргоска - 29
4. Некст тајм - 19
5. Владо Јаневски- 6
6. Елена Ристеска - 5
7. Влатко Стефановски - 3
8. Есма Реџепова - 3
9. Раде Врчаковск - Врчак - 1
10. Горан Наумоски - 1
ВЕЧЕР





