08 Февруари 2010

Џесика Алба откри дека ја лазат морници кога ќе помисли на брак. Ѕвездата на филмот „The Valentine’s Day“ се согласи да се „врзе“ со Кеш Ворен, иако претходно си имала ветено дека никогаш нема да влезе во брачна заедница. Сепак, поради традиционалните мислења на Кеш, актерката сепак попуштила.
- Имав тежок период бидејќи за мене не беше лесно да се согласам да стапам во брак. Тоа за мене претставуваше врзување бидејќи чинот претставува спојување на две фамилии. Бракот ми асоцира на преживување и спојување, а не на љубов, иако како деца сите си замислуваме дека свадбата е чин кој го има во филмовите на Disney.
Во реалниот живот нема принцови, нема бел коњ и нема стаклени штиклички кои се губат во 24 часот. Не се сложувам со сето ова. Не ја сакам традицијата на почитување и гледање на мажот како да ти е крал. Тоа се глупости. Љубов и чест да, но традиции не, изјави Џесика, која со Кеш ја има 19 – месечната ќерка Хонор.

Дваесет и осумгодишната актерка која се ожени со Кеш во мај 2008 година призна дека се омажила бидејќи чувствувала дека тој е нејзината сродна душа.

- Решив да се омажам бидејќи во животот добиваш шпил на карти. Во раката ти е семејството кое не можеш да го бираш или пак да го смениш, додека со останатиот дел играш. Самиот решаваш која карта ќе ја земеш во раце, изјави Алба за магазинот Cosmopolitan.

ИДИВИДИ
| < Пред | Следно > |
|---|





