06 February 2012

За сода бикарбонатот која се користи во многу домаќинства, малкумина знаат дека таа е ефикасно средство и за разубавување на лицето и телото.
Истата може да се најде во секоја продавница или аптека, но битно е да се напомене дека сода бикарбонатот не содржи штетни додатоци, кои најчесто ги има во шампоните, сапуните и во другите козметички препарати, кои воедно можат негативно да влијаат на кожата и да предизвикаат последици.
Скоро во сите шампони и регенаратори има доста штетни состојки кои ја сушат и ја оштетуваат кожата.
Доколку сакате да го намалите нивното негативно дејство и таложење на косата, се што е потребо да направите е да измешате една рака сода бикарбонат со шампонот кој го користите.
Со тоа освен што вашата коса ќе биде чиста, истата ќе има и убав сјај.
Друго чудотворно дејство на сода бикарбонатот е и тоа што доколку вашата коса е замастена, можете да ставите една рака сода бикарбонат, при што таа ќе изгледа свежо и убаво.
Исто така и чешелот кој го употребувате во вашата секојдневна нега можете да го одржувате со сода бикарбонат, на начин што во сад со вода ставате три лажици сода, во која чешелот треба да отстои половина час и од него ќе исчезнат сите наталожени нечистотии.
Ефектите се забележливи и при користењето на содата за чистење на лицето.
Во средството со кое го чистите вашето лице додавате сода и го чистите лицето со благи движења, по што вашата кожа е мека и нежна.
За содата воедно можеме да напоменеме и тоа дека ни е познато да истата ги избелува забите и го освежува здивот, така што доволно е барем еднаш неделно покрај миењето со паста за заби, забите да се мијат и со сода бикарбона.
05 February 2012

Многу истражувања покажуваат дека долготрајната дехидратација, за која не сте ни свесни може да биде основа на разни болести и тоа како мигрена и висок крвен притисок, ревматични болки и широк спектар на други болести.
Затоа се препорачува да се пие вода повеќе пати во текот на денот.
Исто така консумирањето на чаша вода пред секој оброк се препорачува и за намалување на килограмите, особено во зимскиот период од годината за кој се смета дека е најкритичен дел од годината кога можат да се стават повеќе килограми, а тоа е благодарание на многуте празници и малата физичка активност.
Кога станувате наутро добро е да се напиете најмалку една чаша вода, но да не е премногу ладна.
Во текот на денот потребно е да се пие најмалку две чаши вода и тоа пола час пред секој оброк, додека пак по оброкот не треба да се зема никаква течност најмалку час и половина, бидејќи желудникот треба да ја свари храната.
18 November 2011

Модриот патлиџан потекнува од земјите на Далечниот исток, каде се одгледува уште од античкиот период.
Одтаму, преку Пакистан, арапските земји и Турција, овој зеленчук пристигнал и во Европа, а откако тоа се случило истиот станал составен дел на нашето мени, иако има такви кои го одбегнуваат, поради неговата горчина.
Важно е да се напомене тоа дека модриот патлиџан помалку горчи доколку е набран пред сосема да созрее, односно додека семките му се сосема бели.
При пазарувањето на модар патлиџан терба да го изберете младиот патлиџан, кој ќе го препознаете по тоа што е тврд, по светлата и сјајна кора, која не е набрана, а според петелката ќе препознаете дали е свежо набран.
Модриот патлиџан содржи многу малку калории, околу 27 во 100 грама, а околу 93% од составот е вода.
Поради тоа се препорачува во разните диети, под услов да се подготвува со многу малку масло.
Тој важи за многу моќен антиоксиданс, има антиалергенско и антиинфламаторно дејство.
Исклучително е благопријатен за срцето и целиот кардиоваскуларен систем, бидејќи го намалува нивото на холестерол, како и за дигестивниот тракт.
Исто така модриот патлиџан го намалува и нивото на шеќер во крвта и помага при запирање на крвавењето.
Бидејќи црниот патлиџан има висока содржина на влакна, тој е ефикасен и за олеснување од запек, како и за спречување на хемороиди и колитис.
Модриот патлиџан може да се користи во исхраната на повеќе начини и тоа: да се пече, пржи или да се подготвува на пареа.
Доколку црниот патлиџан како што напоменавме погоре е горчлив, за да го ублажите горчливиот вкус, потребно е да го посолите исечениот модар патлиџан и да го оставите да отстои 30 минути пред неговата термичка обработка.
Модриот патлиџан исто така можете да го поховате, но притоа, како и при пржењето истиот впива големи количества маснотии, поради што подобро е да се вари на пареа, а за тоа е потребно да се исече на коцки, мошне кратко да се провари, по што се зачинува со лук, магдонос и маслиново масло.
Исто така тој е многу вкусен ако го испечете на скара, а може да се јаде и со секој летен зеленчук и зачински тревки.
Модриот патлиџан може да го чувате и во зима доколку исечен го проварите во солена вода.
Потоа треба да се исцедат деловите и да се наредат во тегла на следниот начин: ред патлиџан, ред магдонос со лук, а сето тоа прелиено со зејтин.









