17 Февруари 2010
Спортските активности не влијаат само на подобрување на физичкиот изглед туку и на нашето здравје. Го јакнат имунитетот, коските, срцевата активност, циркулацијата но и менталното здравје. Исто така вежбањето е добар сојузник за оние кои патат од хронични болести, а тоа се однесува и на дијабетесот. Спортските активности ги ублажуваат тегобите, а може и да го намалат ризикот од долготрајни компликации кои настануваат како последица од дијабетесот.
Позитивни страни на вежбањето
- согорува калории, па помага при одржување на тежината
- помага телото полесно да реагира на инсулин.
- ја поттикнува циркулацијата, особено во пределот на рацете и нозете, делови кои се најпроблематични кај дијабетичарите.
- го намалува холестеролот и високиот крвен притисок
15 Февруари 2010
Мени за канцелариските работници...
Осум часа дневно пред компјутерот може да биде погубно за вашето здравје и линија, особено ако канцелариската работа ја извршувате повеќе години. Лицата на триесетина години потешко се борат со недвижењето отколку оние на дваесетина, а ако уште и не внимаваат на исхраната, годишно може да наталожат и до неколку килограми вишок. Важно е да се знае разликата (а таа е прилично голема) меѓу исхраната на жените и мажите кои работат канцелариска работа.
10 Февруари 2010
Телесната тежина не се контролира единствено со вежбање. Со мали подесувања на вашите навики, можете да се ослободите од 18 до 20 килограми на годишно ниво.
Размрдајте се!
Една студија покажа дека луѓето кои постојано ги движат стапалата, имаат тенденција да се стојат и да се движат, наместо да седат. Овие луѓе, во просек трошат по 350 калории повеќе дневно од оние што седат.
10 Февруари 2010
За да го максимализирате она време во кое сте издвоиле многу труд и самодисциплина за вежбање, внимавајте на следните пропусти кои многумина од нас несвесно ги прават.
1. Заборавате да се загреете
Никогаш не започнувајте со тренинг без да се загреете. Само на тој начин ќе го намалите ризикот од повреди, вкочанетост, но и воспаление на мускулите.
2. Претерување со тренинг
Не е реткост луѓето кога ќе почнат да вежбаат, да не можат да сопрат. Предолгите и преинтензивни тренинзи не се здраво решение. За да биде максимален ефектот, а вие здрави, задоволни и полни со енергија не претерувајте со тренинзите. Вежбање до 3 пати неделно е доволно за одлични резултати.
08 Февруари 2010
Неважно е колку диети ќе промените и примените во својот живот бидејќи бројот на наталожени масни клетки кои се наталожиле во одреден период од адолесценцијата, остануваат во телото за цел живот - предупредуваат шведските научници.
Ова го објаснува проблемот зошто редуцираната телесна тежина е исклучително тешко да се одржи - масните клетки и понатаму се тука и само чекаат повторно да бидат наполнети и да создадат нови наслаги.
Според зборовите на лекарите, бројот на масни наслаги кои ги наталожуваме како тинејџери засекогаш остануваат во организмот, без оглед на тоа дали во подоцнежниот живот сме се здебелиле. Во испитувањето на ова тврдење биле тестирани тинејџери и возрасни пациенти на различна старост кои во текот на животот наталожиле, па загубиле многу килограми благодарејќи на разни активности и диети. Се испоставило дека бројот на нивните масни клетки не се променил значително иако бутовите и струкот значително им се намалиле.
ИДИВИДИ
02 Февруари 2010
Како што одминуваат годините така се забавува и нашиот метаболизам - вистина или мит? Некои медицински факти докажуваат дека метаболизмот со тек на годините навистина се забавува, но најчеста причина за тоа се навиките кои ги имаме, а кои дополнително го забавуваат метаболизмот по 30-та година од животот. Еве некои од нив:
Седење - Помалку движење помалку согорени масти. Последицата од тоа се млитави мускули и лош метаболизам.


