Најнови :

 

Модриот патлиџан потекнува од земјите на Далечниот исток, каде се одгледува уште од античкиот период.

Одтаму, преку Пакистан, арапските земји и Турција, овој зеленчук пристигнал и во Европа, а откако тоа се случило истиот станал составен дел на нашето мени, иако има такви кои го одбегнуваат, поради неговата горчина.

Важно е  да се напомене тоа дека модриот патлиџан помалку горчи доколку е набран пред сосема да созрее, односно додека семките му се сосема бели.

При пазарувањето на модар патлиџан терба да го изберете младиот патлиџан, кој ќе го препознаете по тоа што е тврд, по светлата и сјајна кора, која не е набрана, а според петелката ќе препознаете дали е свежо набран.

Модриот патлиџан содржи многу малку калории, околу 27 во 100 грама, а околу 93% од составот е вода.

Поради тоа се препорачува во разните диети, под услов да се подготвува со многу малку масло.

Тој важи за многу моќен антиоксиданс, има антиалергенско и антиинфламаторно дејство.

Исклучително е благопријатен за срцето и целиот кардиоваскуларен систем, бидејќи го намалува нивото на холестерол, како и за дигестивниот тракт.

Исто така модриот патлиџан го намалува и нивото на шеќер во крвта и помага при запирање на крвавењето.

Бидејќи црниот патлиџан има висока содржина на влакна, тој е ефикасен и за олеснување од запек, како и за спречување на хемороиди и колитис.

Модриот патлиџан може да се користи во исхраната на повеќе начини и тоа: да се пече, пржи или да се подготвува на пареа.

Доколку црниот патлиџан како што напоменавме погоре е горчлив, за да го ублажите горчливиот вкус, потребно е да го посолите исечениот модар патлиџан и да го оставите да отстои 30 минути пред неговата термичка обработка.

Модриот патлиџан исто така можете да го поховате, но притоа, како и при пржењето истиот впива големи количества маснотии, поради што подобро е да се вари на пареа, а за тоа е потребно да се исече на коцки, мошне кратко да се провари, по што се зачинува со лук, магдонос и маслиново масло.

Исто така тој е многу вкусен ако го испечете на скара, а може да се јаде и со секој летен зеленчук и зачински тревки.

Модриот патлиџан може да го чувате и во зима доколку исечен го проварите во солена вода.

Потоа треба да се исцедат деловите и да се наредат во тегла на следниот начин: ред патлиџан, ред магдонос со лук, а сето тоа прелиено со зејтин. 

 

Уште во минатото медот се применувал во медицински цели на пример кога ќе се стави на рана, тој дејствува антибактериски.

Според научниците, медот има благородно дејство врз целиот организам, а истражувањата покажуваат дека медот ја забавува оксидацијата на ЛДЛ - холестеролот - овој процес овозможува таложење на холестеролот на ѕидовите на крвните садови.

Ако во исхраната користите бел шеќер - сахароза, значителен дел од сахарозата не се разградува до прости шеќери, туку останува неискористена и како таква директно влијае на зголемувањето на мастите во организмот.

За разлика од белиот шеќер, медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам.

Така, доколку ви се јаде нешто благо, ви препорачуваме да земете лажичка мед.

Тој ќе ви го заштити здравјето, а воедно ќе ви ја намали и гладта која ви се појавила во моментот.

Медот треба да се зема така што неколку минути се држи во устата, за да се растопи со соковите од плунчните жлезди, а потоа да се проголта. Друг начин на кој што можете да го консумирате медот е истиот да го растопите во шоља топол чај или млеко, но дури откога тие ќе се оладат до температура на пиење.

 

Потребни состојки за приготвување на овој специјалитет (за 4 лица):

8 пилешки копани, 400 гр. чистени домати, грст црни маслинки, 1 лажичка капери, оригано, масло, сол, црн пипер и супа. 

Начин на подготовка:

Копаните се печат 15 минути, а потоа врз нив се ставаат исчистените и исецкани домати.

Потоа се додаваат црните маслинки, како и една лажица отсолени капери (може да ги замените со зелени маслинки).

Посипете ги копаните со поголемо количество оригано, па потоа зачинете ги со малку масло.

Посолете ги, попиперете ги и печете ги уште 20 минути, додавајќи малку супа, доколку е потребно. 

buy bactrim online order viagra without rx online