08 February 2010
Дали се прашувате што јадат билдерите, боксерите и другите мускулести момци? Не грижете се, не е зелено....вистинските мажи јадат вистинска храна. Ако сакате вашата исхрана да биде во склад со вашите мускули, следете ги следните неколку совети:
1. Свински стек
За да бидат јаки и подготвени за тренинзи, спортистите и сите оние кои сакаат да изгледаат така мора да јадат нешто што ќе им донесе сила. Свинското месо е богато со протеини, а содржи и речиси 5 пати повеќе селен, минерал за кој се тврди дека го спречува ризикот од рак на простата, од говедското и од пилешкото месо.
2. Зелена салата
Половина главица зелена салата, за разлика од спанаќот и другите салати е богата со алфакаротен, антиоксиданс кој спречува многу болести.
3. Печурки
Се покажало дека печурките го јакнат имунитетот и го спречуваат ризикот од рак.
4. Оцет
Шведските научници докажале дека 2 лажички оцет дневно го намалува шеќерот во крвта за 23% и не прави сити.
5. Сува црвена пиперка
Научните студии покажале дека конзумирањето на сува црвена пиперка, околу половина лажица, половина час пред јадењето ги намалува калориите за 16% а воедно ги уништува и потенцијалните канцерогени клетки.
6. Полномасно сирење
Полномасното звучи нездраво, но токму тоа е одличен извор на протеини (т.н. казеин протеини), инаку најдобри за мускулите кај мажите. Добро е да се конзумира секој ден бидејќи не го повишува ниту лошиот холестерол.
ВЕЧЕР
| < Prev | Next > |
|---|


