06 February 2012

За сода бикарбонатот која се користи во многу домаќинства, малкумина знаат дека таа е ефикасно средство и за разубавување на лицето и телото.
Истата може да се најде во секоја продавница или аптека, но битно е да се напомене дека сода бикарбонатот не содржи штетни додатоци, кои најчесто ги има во шампоните, сапуните и во другите козметички препарати, кои воедно можат негативно да влијаат на кожата и да предизвикаат последици.
Скоро во сите шампони и регенаратори има доста штетни состојки кои ја сушат и ја оштетуваат кожата.
Доколку сакате да го намалите нивното негативно дејство и таложење на косата, се што е потребо да направите е да измешате една рака сода бикарбонат со шампонот кој го користите.
Со тоа освен што вашата коса ќе биде чиста, истата ќе има и убав сјај.
Друго чудотворно дејство на сода бикарбонатот е и тоа што доколку вашата коса е замастена, можете да ставите една рака сода бикарбонат, при што таа ќе изгледа свежо и убаво.
Исто така и чешелот кој го употребувате во вашата секојдневна нега можете да го одржувате со сода бикарбонат, на начин што во сад со вода ставате три лажици сода, во која чешелот треба да отстои половина час и од него ќе исчезнат сите наталожени нечистотии.
Ефектите се забележливи и при користењето на содата за чистење на лицето.
Во средството со кое го чистите вашето лице додавате сода и го чистите лицето со благи движења, по што вашата кожа е мека и нежна.
За содата воедно можеме да напоменеме и тоа дека ни е познато да истата ги избелува забите и го освежува здивот, така што доволно е барем еднаш неделно покрај миењето со паста за заби, забите да се мијат и со сода бикарбона.
09 November 2011

Кога времето е студено, телесната топлина се повлекува во зоната на торзото, поради што рацете, стапалата и зглобовите ги остава постудени.
Рацете се особено изложени на посуровите елементи од обично, па затоа добра идеја е да се носат ракавици додека чистите или миете садови, како би можеле да ги избегнете лошите хемикалии во средствата за чистење кои можат да ја оштетат вашата кожа.
Се што е потребно е секогаш да имате при рака хидратантен крем за раце и истиот да го користите често.
Доколку на вашето работно место често пати сте во допир со хартии, кои исто така придонесуваат за сушење на кожата, потребно е секогаш во вашата чанта или биро да имате лосион.










